„Ако навистина СДСМ сака да ја зголеми минималната плата, нека го направат тоа веднаш“

од Vladimir Zorba
689 прегледи

СДСМ како партија и власт да не бара оправдувања и нека ги зголеми платите и да даде поддршка за стопанството, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес конференција поврзано со минималната плата.

– Ако навистина СДСМ сака да ја зголемат минималната плата тогаш да го направат тоа веднаш, а ние ќе ги поддржиме исто како што ќе поддржиме и зголемување на платите во јавниот сектор адекватно на коефициентот на тежината на работните места, рече Арсовски.

Бидејќи СДСМ покажал интерес за ставот на ВМРО-ДПМНЕ, Арсовски додава дека партијата на власт не треба да се крие зад лични ставови на поединци и ги повика да го проследат овој став на партијата.

Слични содржини