Сали во ковид центарот во Кавадарци: Со зголемен опфат на вакцинација ќе се избориме со ковид пандемијата

од Берта Китинска
236 прегледи

Посакувајќи им побрзо закрепнување на хоспитализираните пациенти, денеска, го посетив Ковид центарот во болницата во Кавадарци, информираше министерот за здравство на својот Фејсбук профил Беким Сали.

-Здравствените работници во овој, како и во останатите ковид центри го вложуваат својот максимум за да им помогнат и соодветно да ги згрижат болните.
Заедно со нив уште еднаш испраќаме апел за важноста на вакцинацијата, која е од несомнено големо значење во намалувањето на последиците од вирусот и заштита на здравјето на населението. Единствено со зголемен опфат на вакцинација, како и со почитување на мерките за заштита и превенција ќе се избориме со ковид пандемијата, вели Сали.

Слични содржини