Шолц оди во САД

од Vladimir Zorba
189 прегледи

Германскиот канцелар Олаф Шолц пред да замине за САД ја истакна важноста од размена на мислења за актуелните прашања со клучните сојузници на Германија.

„Блиската координација со европските партнери и со САД е многу важна. Целта е да се испрати унифициран и кохезивен сигнал до Кремљ дека кршењето на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина ќе има тешки последици за Русија – од политичка, економска и геостратешка гледна точка“, рече шефот на германската влада во интервјуто за „Bild am Sonntag“.

„Сите европски сојузници се едногласни по ова прашање“, додаде Шолц.

Канцеларот во недела ќе замине за Вашингтон, а во понеделник ќе разговара со претседателот Џо Бајден.