Сали во посета во ковид-центарот во Велес: Продолжуваме одблизу со поддршката на здравствените работници за натчовечките напори

од Берта Китинска
178 прегледи

Министерот за здравство Беким Сали на својот Фејсбук профил објави дека денеска ги посетил пациентите во ковид – центарот во Општата болница во Велес, во рамки на неговата посета во таа здравствена установа и им посакал побрзо закрепнување.

– Продолжуваме одблизу преку ваквите посети и во останатите ковид – центри да им дадеме поддршка на здравствените работници за натчовечките напори, пожртвуваноста и борбата за секој човечки живот. Заедничка цел е зголемување на опфатот со вакцинација и почитување на превентивните мерки, напиша Сали.

Слични содржини