На 31 јануари германскиот весник „Билд“ ексклузивно објави дека Килијан Мбапе договорил се со Реал Мадрид, потпишал преддоговор и на лето заминува во Шпанија.
На напаѓачот на ПСЖ летово му истекува договорот кој не сакаше да го продолжи и дефинитивно си заминува од „Паркот на принцовите“.
Сепак, Мбапе тврди дека се уште ништо не е договорено. Тој даде изјава по синоќешната победа на ПСЖ со 5:1 против актуелниот шампион Лил и на тој натпревар постигна еден гол.
„Не, мојата одлука за иднината не е донесена. Натпреварот од Лигата на шампионите против Реал Мадрид менува многу работи. Дури и да сум слободен да го правам она што го сакам во моментов, нема да одам да разговарам со противник или да правам такви работи“, изјави Французинот.
Во осминафиналето на Лигата на шампионите се среќаваат ПСЖ и Реал Мадрид. Првиот натпревар ќе се одигра на 15 февруари во Париз.