МОН: Нема упад во електронските системи на МОН, информацијата е лажна

од Берта Китинска
148 прегледи

Веста која е објавена на социјалните мрежи и која брзо се прошири, не е точна. Видео снимките од безбедносни камери кои се прикажуваат, не се од простории на министерството. Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на шпекулации и да бидат спокојни по однос на прашањето за зашитита на личните податоци со кои располагаме за учениците, студентите, наставниот кадар и слично. Системите на МОН се соодветно заштитени, велат од министерството за образование.

Оттаму информираат дека по направени проверки на соодветната внатрешна служба заедно со надлежните институции за справување со компјутерски инциденти, не е констатиран никаков упад во електронските системи и базите на податоци со кои располага институцијата.

-Во меѓувреме остануваме во постојана координација и продолжуваме да работиме со сите релевантни институции и органи кои работат во областа на компјутерскиот криминал и конфликти, а во насока на подигнување на безбедноста на електронските системи на уште повисоко ниво, велат од МОН.

Слични содржини