Минималната плата е нешто што го има во програмата на СДСМ.Да не заборавиме дека минималната плата од 9000 денар беше зголемена на 15.000 денари од страна на СДСМ.Исто така јас во моето експозе при составот на владата кажав дека ќе има зголемување на минималната плата веќе се одржаа два состанока на економскиот свет и денeска јас ќе присуствувам на состанокот се надевам дека ќе изнајдеме решение на задоволство на вработените, вели премиерто Димитар Ковачевски.
-Јас во неколку наврати имам кажано дека сум на страната на вработените истот тоа го кажав и за законот за недела неработен ден.Секој вработен има право на недела неработен ден, вели премиерот.
Во однос на тоа колку ќе се покачи минималната палта Ковачевски потенцираше дека бројките ќе се соопштат на советот.
-Никогаш не соопштувам бројки кои не се базираат на анализа, местото каде треба тоа да се каже е на советот и да биде прифатено.Ако ме прашуваат лицно сметам дека платите треба постојано да растат, но низ дијалог, вели Ковачевски.