Јапонија донира 900.000 евра на Македонија за справување со пандемијата

од Nikola Popovski
209 прегледи

Министерот за здравство, Беким Сали денеска се сретна со со јапонскиот амбасадор во земјава, Хиронори Савада, при што била потврдена досегашната одлична соработка и договориле нејзино продлабочување.

-За нашата држава поддршката на јапонскиот народ е од огромна важност, посебно во овие моменти кога се соочуваме со ковид-пандемијата. За оваа намена во тек е реализација на грант како помош за справување во пандемијата во износ од над 800 000 евра за набавка на медицинска опрема за Инфективната клиника и КАРИЛ, а предвидена е и реконструкција на одделот за радиотерапија на Клиниката за онкологија. Преку Јапонската агенција за меѓународна соработка(JICA) се обезбедува и нов мобилен ангиограф за потребите на службата за интервентна кардиологија и радиологија ќе добие Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, во вредност од 100. 886 евра, информира Сали.

Министерот обелодени дека во рамки на програмата за мали проекти (GSP) исто така се реализираат и неколку договори за проекти со болници низ државата и секоја година се овозможува помош за јавни здравствени институции.

-Покрај континуираната помош за зајакнување во опрема, се овозможуваат и едукативни обуки на теми од интерес за нашето здравство, појасни Сали.

 

Слични содржини