Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски попладнево информираше дека е класична лажна вест дека грчка хакерска група го пробила компјутерскиот систем на Министерството за образование и наука и ја презело контролата врз надгледните камери и интернет-страницата.
-Ваквите напади се реална основа за сите институции, но овој случај се работи за класична лажна вест. Немаме хакерски напади во МОН, нитуво другите институции, немаме напади во кои се одземени податоци и документи. Доколку дојде до такво нешто, државата има механизми. Во координација сме со АЕК и нашиот оддел за компјутерски криминал, рече Спасовски во изјава за ТВ Сител.
Министерството за образование во текот на денот исто така демантираше дека дошло до хакерски напад.
– Видео снимките од безбедносни камери кои се прикажуваат, не се од простории на министерството. Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на шпекулации и да бидат спокојни по однос на прашањето за зашитита на личните податоци со кои располагаме за учениците, студентите, наставниот кадар и слично. Системите на МОН се соодветно заштитени, велат од министерството за образование, соопштија од МОН.