Потврден првиот случај на сојот стелт омикрон во Србија

од Nikola Popovski
283 прегледи

Првиот случај на сојот стел омикрон е регистриран во Србија. Оваа информација за РТС ја потврдиле од Медицинскиот факултет во Белград.

Се верува дека мутираниот подсој на омикрон, наречен BA.2, е позаразен од оригиналниот тип BA.1.

„Невидливиот“ омикрон, според првичното истражување, не дава потешка клиничка слика од вообичаената, но се проценува дека е позаразен. Минатата недела „стелт“ беше откриен во Хрватска, пред тоа во Словенија, а го има во повеќе од 40 земји.

Терминот „невидлив“ е даден затоа што е тешко да се открие, а бидејќи е кратко во циркулација, дури ни научните сознанија за него не се доволни.

Фото: PTI

Слични содржини