Сообраќајка пред Влада, Маричиќ демантира дека бил во возилата

од Nikola Popovski
342 прегледи

Вечерва непосредна пред зградата на Владата, на булеварот „Илинденска“ се случила сообраќајка несреќа, во која учествувале неколку возила.

На самото лице место има екипи на Брзата помош, но засега нема информации за повредени.

Полициски екипи во моментот вршат увид на местото на несреќата.

Откако дел од медиумите објавија дека во едно од возилата во сообраќајката бил и вицепремиерот Бојан Маричиќ, тој самиот ја демантираше оваа вест.

-Не е точно, не сум имал сообраќајна несреќа. Демантирам и за јавноста и за моето семејство да знае, рече Маричиќ во гостувањето на емисијата „Топ тема“.

Слични содржини