ПСЖ охрабрен од молкот на Мбапе

од Vladimir Zorba
271 прегледи

Раководството на Пари Сен Жермен не губи надеж дека Килијан Мбапе ќе потпише нов договор и ќе остане во тимот. Претставниците на клубот ги продолжуваат преговорите со играчот. Оптимизмот доаѓа од тоа што напаѓачот никогаш не изјавил дека ќе си замине по крајот на сезоната.

По победата над Лил во саботата (5:1), Мбапе беше запрашан дали одлучил за својата иднина. Тој даде негативен одговор и нагласи дека во оваа фаза е целосно фокусиран на настапот на теренот и со нетрпение ги очекува натпреварите против Реал Мадрид во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Токму шпанскиот гигант важи за фаворит за потписот на Мбапе. Минатата недела имаше информации дека светскиот шампион се договорил за неговите лични услови и ќе добива рекордни 50 милиони евра годишно на „Сантијаго Бернабеу“.

Актуелниот договор на Мбапе истекува на крајот од сезоната. ПСЖ верува дека тој е подготвен повторно да потпише и во наредните недели ќе се обиде да го убеди дека „Паркот на принцовите“ е вистинското место за него.

Слични содржини