Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со поддршка за зголемувањето на минималната плата

од Берта Китинска
143 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи зголемувањето на минималната плата во парламентот, едногласно, но истовремено ќе интервенира амандмански во законот, пишува лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил.

– Ќе бараме доследно почитување на колективните договори и коефициентите на сложеност на работните места, кога се исплаќаат платите на сите вработени во администрацијата, вели тој.

Очекува веднаш ребаланс на буџетот и зголемување на дотациите за општините од страна на Владата за целосно почитување на правата на сите вработени во образованието, градинките и администрацијата.