Османи на средба со Колев: Потребна е конструктивна атмосфера за важните прашања за државата

од Nikola Popovski
227 прегледи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи попладнево објави дека остварил средба со Петар Колев, претседател на Граѓанско демократската унија во Северна Македонија. На средбата се размениле мислења за актуелните внатрешно – политички актуелности, но и за севкупниот контекст на односи во врска со обновениот дијалог меѓу Владите на Северна Македонија и Бугарија.

-Нашето општество има нужна потреба за конструктивна атмосфера за важните прашања кои ја детерминираат европската иднина на државата. Оваа дебата налага искрен пристап од сите актери во земјата, при што сите треба да вложиме напор да ги надминеме и меѓусебните разлики и да изградиме заеднички позиции кои ни се многу потребни, објави Османи по средбата.

Министерот смета дека ни треба кохезивност во овој процес, во интерес на добрососедските односи и во интерес на важноста за негувањето на хармонични односи внатре во државата меѓу сите политички групи и заедници, како што впрочем и доликува на меѓуетничкиот модел на нашата успешна приказна како држава.

Слични содржини