Регистрирани 250 реинфекции од вкупно 1722 ковид-случаи

од Nikola Popovski
162 прегледи

Од направени 4.939 тестови, потврдени се 1.722 нови случаи на Ковид-19, соопшти вечерва Министерството за здравство. Притоа се регистрирани и 1942 оздравени пациенти.

Билансот на новозаразени по градови изнесува: Скопје – 1.011, Кавадарци – 85, Куманово и Битола – по 83, Прилеп – 51, Тетово и Велес – по 50, Гостивар – 37, Валандово – 30, Охрид и Кичево – по 26, Радовиш – 22, Гевгелија – 21, Струмица – 20, Неготино – 19, Струга – 17, Кочани – 13, Делчево и Богданци – по 12, Крива Паланка – 11, Ресен – 9, Штип – 5, Свети Николе – 4, Берово, Дебар, Виница, Кратово, Демир Хисар и Пехчево – по 3, Дојран – 2, Пробиштип, Крушево, Македонски Брод, Македонска Каменица и Демир Капија – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (1.722), регистрирани се 250 реинфекции.

Досега во земјата се направени вкупно 1.826.611 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 280.594, бројот на оздравени пациенти е 259.898, а бројот на активни случаи изнесува 12.072.

Слични содржини