Петров: Тогашната Влада на црниот 24. декемри нѐ фрлаше преку маси и бришеше под со нас

од Nikola Popovski
260 прегледи

За да ја кажам разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, тогашната влада на клоци не исфрли од Парламентот. Зборувам за црниот 24-ти декември кога ние пробавме да го блокираме Буџетот и тие не исфрлија. Тогаш Владата буквално џелатски настапи кон пратениците, вели членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Петров во гостувањето на емисијата „Топ тема“.

Петров додава дека пратениците во Парламентот во некои места се личности каде што не можете да ги допрете, „а не со него да бришете под и да го фрлате преку маси“, како што се направи тогаш.

-Кога устите ни се полни со демократија, треба да ја гледаме и другата страна, смета Петров.

Слични содржини