Стадионот на Барселона „Камп Ноу“ официјално го смени името за прв пат во историјата и сега ќе го има префиксот „Спотифај“ пред името.
Барса по овој договор со шведската компанија ќе инкасира 280 милиони евра кои ќе бидат распределени во следните три години, додека медиумите во Шпанија истакнуваат дека најголем дел од парите ќе одат за купување на Ерлинг Халанд.
„Марка“ тврди дека доколку Барса го купи Халанд на лето, „Спотифај“ ќе пишува на дресовите на машката и женската екипа, а тоа е една од причините поради која генералниот директор на клубот Феран Ревертер го напуштил клубот на вторникот.
Имено, Ревертер ја предводеше струјата во клубот која се спротивстави на оваа одлука на претседателот Жоан Лапорта, тврдејќи дека тоа се премалку пари за она што Барселона го дава за возврат.