На кого му се лути Роналдо?

од Vladimir Zorba
318 прегледи

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо што поскоро ќе гледа за да го заборави ремито и гостувањето на Манчестер Јунајтед кај Барнли, каде доби шанса во вториот дел, не се прослави, а крајот на мечот го дочека со излив на бес.

Менаџерот на Јунајтед, Ралф Рангник, во вторникот вечерта реши да му даде предност на Единсон Кавани пред Кристијано Роналдо, кој доби шанса при ремито против Барнли во вториот дел.

Сè се случи само три дена пред 37-от роденден на Роналдо, а тоа само ги подгреа шпекулациите за нарушената врска меѓу Германецот и Португалецот.

Дождливата вечер и ремито во Барнли беа за заборав за петкратниот освојувач на Златната топка, кој и по неполна половина година не се адаптираше во својот втор термин на „Олд Трафорд“.

Кавани пропушти убава прилика во првото полувреме, кога голманот на Барнли одбрани со глава, а потоа во 68. минута шанса доби Роналдо и беше јасно дека не е расположен за игра.

Роналдо на тој начин стигна до петтиот меч каде не ја затресе мрежата на Јунајтед и со тоа го израмни најсушниот период без голови, кој го запиша пред 12 години во Реал Мадрид.

Гневот на Роналдо се чувствуваше на секој чекор, а тој веднаш по мечот лут се упати кон тунелот при негодување на навивачите на Барнли.

По ремито во Барнли, Јунајтед е петти на табелата со 18 бодови разлика од лидерот и градски ривал Манчестер Сити, а доколку не направат чудо во Лигата на шампионите, оваа сезона за нив е загубена.

Слични содржини