Премиерот Димитар Ковачевски вели дека ВМРО-ДПМНЕ биле против Законот за минималната плата, а станале „за“ кога социјалните партнери постигнаа договор.
– Ако некој беше против овој закон тоа беше ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ беше против Законот за минимална плата и кога се правеше минатото покачување, тие беа и сега против, но станаа „за“ вечерта кога постигнавме договор за покачување на минималната плата, а дел од нив и утрото затоа што ја преспале ноќта, бидејќи доцна беше прес-конференцијата, рече Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на барањето на ВМРО-ДПМНЕ за усогласување на платите.