На Јунајтед не му оди, играч на Лестер ќе им ги реши проблемите!?

од Vladimir Zorba
297 прегледи

Манчестер Јунајтед се мачи оваа сезона во Премиер лигата. Избраниците на Ралф Рангник редовно губат бодови, а синоќа Барнли им одзеде уште два.

Иако минатото лето доведоа многу одлични играчи, меѓу кои и спектакуларното враќање на еден од најдобрите во светот, Кристијано Роналдо, резултатите воопшто не се променети во однос на периодот кога тимот го водеше Оле Гунар Солскјер.

Лекот за неуспесите би можел да биде нова работа, чија реализација ја започнаа челните луѓе на „црвените ѓаволи“.

Според англиските медиуми, Јунајтед на лето ќе се обиде да го доведе одличниот белгиски играч за врска и член на Лестер, Јури Тилеманс и на тој начин да го реши горливиот проблем на средината на теренот. Скот Мектомини моментално е лидер на средниот ред, Матиќ веќе е во години, а Пол Погба е некаде далеку од Манчестер.

Пред Тилеманс, во фокусот на интересот на заспнатиот гигант беа Деклан Рајс и Калвин Филипс, но се чини дека се тешко достапни за Јунајтед, па на ред дојде Тилеманс.

Како прв ривал на Јунајтед за потписот на Белгиецот се споменува Арсенал, кој претходно се распрашуваше „за здравјето“ на цврстиот играч за врска.

Вредноста на Тилеманс се проценува на повеќе од 50 милиони евра, но поевтини опции за Јунајтед нема, а им требаат засилувања во средината, иако не се истакнуваат во одбраната, што синоќа особено го налути нивниот поранешен стопер Рио Фердиданд.

Слични содржини