Македонија е веќе во фаза на преговори со производителот Фајзер за набавка на лекот „Паксловид“, информира вечерва министерот за здравство, Беким Сали.
Според него, тоа е долг процес.
-Прво се преговори, па набавка, па достава. Се додека ние чекаме апчиња да дојдат, истиот состав е во форма на вакцина. Исто ќе штити и не ја знаеме причината зошто не вакцина, а да за апче. Не гледам некоја разлика, вели Сали.
Министерот додаде дека се уште не се знае кога лекот би пристигнал во земјава.
-Имаме вакцина и не треба да чекаме, објаснува Сали.
САД, Канада и Израел се меѓу земјите кои веќе ја одобрија употребата на овој лек. Италија, Германија и Белгија пак се меѓу дел од земјите членки на ЕУ кои веќе го купија лекот. Антивирусните лекови делуваат така што ја намалуваат способноста на вирусот да се реплицира и на тој начин ја инхибираат болеста.