Експертските групи ќе разговараат за политичките прашања меѓу Софија и Скопје

од Nikola Popovski
193 прегледи

Утре започнува средбата на експертски групи при министерствата за надворешни работи на Северна Македонија и Бугарија, на која ќе се разговара за политички прашања меѓу двете земји, познат како протоколот „4 +1“. Разговорите ќе продолжат во петок, велат од бугарското МНР, објави „БНР“.

Ова е прва средба на групите формирани за време на заедничката владина средба во резиденцијата Бојана на 25 јануари и прва средба на експерти од двете страни на границата откако на чело се новите премиери Димитар Ковачевски и Кирил Петков.

-Се очекува бугарската дипломатија да ги соопшти резултатите по дводневните разговори, додаваат од „БНР“.

Протоколот „4 +1“ ги вклучува барањата на Бугарија да престане со говорот на омраза во Македонија, рехабилитација на жртвите на комунистичкиот режим со бугарски идентитет, немешање во внатрешните работи и последното барање – правата на Бугарите и нивно вметнување во македонскиот Устав.

Слични содржини