Утре македонската и бугарската делегација од ресорните министерства за транспорт заедно со туроператори со лет од Софија до Скопје ќе пристигнат на Меѓународниот аеродром Скопје со што ќе се реализира и првиот лет на оваа релација.
Очекувањата се дека редовната авиолинија Софија – Скопје ќе почне да функционира од следниот месец, а за неа, според најавите, е заинтересирана компанијата „Гуливер”.
Авионското поврзување меѓу двата главни града на Северна Македонија и Бугарија е првиот конкретен чекор на соработката што ја најавија по првата средба премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков што се одржа на 18 јануари годинава во Скопје. Една недела подоцна, на 25 јануари, двете влади во Софија одржаа заедничка седница и потпишаа два документа за зајакнување на инфраструктурното поврзување на двете земји, за директна авиолинија Скопје – Софија и за железничкиот Коридор 8.
Авионот утре ќе слета во 09.40 во Скопје.