Во различни акции уапсени 10 лица, кај нив пронајдена марихуана

од Milan1
351 прегледи

„Вчера колу 22.00 часот на ул.„Черења” во Штип, полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода Д.Н.(26), К.С.(19), К.К.(26) и Т.П.(22), сите од Штип, бидејќи при контрола на патничко возило „фолксваген”, со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.Н., во возилото и кај Д.Н. и Т.П. била пронајдена и одземена марихуана.

На 09.02.2022 околу 21.10 часот во тетовски Пирок, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Е.Х.(20) и Р.Р.(21) од ова село, затоа што при нивен и преглед на возилото „фолксваген голф 5″, со тетовски регистарски ознаки, што го управувал Е.Х., била пронајдена марихуана. Двајцата се задржани во полициската станица Тетово и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.

На 09.02.2022, полициски службеници од полициската станица Струга го лишиле од слобода Н.Р.(37) во струшкото село Октиси. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана.

Денеска (10.02.2022) околу 00.10 часот на ул.„18 Ноември” во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода М.Џ.(19) и Б.Р.(28) од гостиварско Форино и 26-годишниот гостиварец Н.З., затоа што при преглед кај нив била пронајдена марихуана. Тројцата се задржани во полициската станица Гостивар за натамошна постапка и ќе се соочат со поднесок по член 215 од Кривичниот законик за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”, информираат од МВР.

Слични содржини