Четири месеци затвор за професорот кој нападна ученик со боксирач

од Берта Китинска
329 прегледи

Четири месеци затвор за професорот, кој во декември минатата година со метален боксирач нападна ученик во струшкото средно училиште „Ибрахим Темо“, донесе денеска Основниот суд во Струга.

Судот го прогласи за виновен за сторено кривично дело „насилство“, а во изречената казна, ќе му биде пресметан и периодот поминат во притвор, до правосилноста на пресудата.

Неговиот адвокат Сеад Мена најави жалба, со тврдење дека доказите не се објективно оценети.

Инцидентот се случи на 23 декември минатата година во средното училиште во Струга. Професор беше приведен од полицијата, по што му беше одредена мерка притвор.