173
Бугарскиот министер Николај Сабев најави решавање на долгогодишниот проблем со граничниот премин Клепало.
„Патот до граничниот премин Kлепало е долг само 13 километри. Ако ги добиеме поскоро еколошките дозволи, ќе биде завршен до крајот на годинава“, рече Сабев.
Планот е на овој премин да има една, заедничка гранична контрола што ќе го олесни, забрза и поедностави движењето на граѓаните. Од македонска страна патот до Клепало е веќе направен.
Бугарија ќе направи напори и за железничко поврзување преку тунелот Деве Баир, односно што поскоро да се пробие тунелот под преминот и да се овозможи железничкото поврзување меѓу двете земји.