Во последното деноноќие починале 11 лица од коронавирус, информира Министерството за здравство. Шест починати лица се од Скопје (75г, 81г, 86г, 90г, 92г и 97г), 2 лица од Гостивар (70г и 77г) и по едно лице од Струмица (71г), Велес (80г)и Штип (78г).
Од пријавените лица 10 лица се починати во болнички услови и едно лице е починато во домашни услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 8 починати лица, Кичево (2), Прилеп (2), Скопје (1), Струмица (1), Куманово (1) и Тетово (1). Починатите се на возраст од 55г до 91г. Од пријавените лица 2 лица се починати во болнички услови и 6 лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 01.02.2021 – 09.02.2022г.
Од вкупниот број на починати лица (n=19), две лица се целосно вакцинирани, кај 17 лица се регистрирани коморбидитети.