Без резултат заврши четвртата средба на експертските групи на Македонија и Бугарија

од Nikola Popovski
185 прегледи

Без резултат заврши четвртиот состанок на експертските групи на министерствата за надворешни работи на Бугарија и Северна Македонија. Разговорите се фокусирале на таканаречениот пакет политички прашања, објави „БНР“.

Од бугарското Министерство за надворешни работи соопштија дека дијалогот бил конструктивен и во отворена атмосфера.

-Се разговараше за најновите предлози на Република Северна Македонија, испратени минатата година како одговор на пакетот барања од бугарската страна, презентирани на претходната трета рунда експертски консултации одржани во септември 2021 година во Скопјe, објавија од тамошното МНР.

Денешната средба беше договорена меѓу министрите за надворешни работи Теодора Генчовска и Бујар Османи на заедничката средба меѓу владите на двете земји на 25 јануари годинава.

Следната рунда експертски разговори која се очекува да се одржи наскоро, ќе се одржи во Скопје.

Слични содржини