Има една категорија на граѓани кои буквално ја ранат нацијата. Тоа се претприемачите од малите претпријатија, гранапчињата, од производство, трговци поединци, занаетчии, луѓе кои создаваат дополнителна вредност преку реален труд, вели лидерот на „Македонски концепт“, Петар Богојески во гостувањето на емисијата „Само вистина“.
Според него, таквата категорија луѓе никој не ги прашува како живеат и колку плата земаат.
-Никој не се грижи за професорите и докторите, кои земаат срамна плата. Срамота е пратеник да зема повеќе од наставник. Пензиите никој не ги прашува дека немаат ниту 100 денари за лекови, смета Богојески.
Тој додава дека не поддржува покачување на платите на администрацијата.
-Мислам дека во моментв рани ни се образованието и здравството и ако не ги средиме, ќе ја изгубиме нацијата, додава Богојески.