Радува тоа што Македонија не е повеќе „хибриден режим“, вели Ивановска

од Nikola Popovski
371 прегледи

Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска вели дека радува фактот што Македонија повеќе не е во категоријата „хибриден режим“ според „Економист Интелиџент Jунит“ (EIU).

-Реални се бројките и земаат одредени показатели. Ова е добра основа да сфатиме дека сме тргнале во позитивен правец. Радува што имаме подобра бодовна состојба и тоа што менуваме категории, иако сме далеку од целта. Има уште многу да се работи, потенцира Ивановска во гостувањето на Дневникот на ТВ Сител.

Според извештајот, С. Македонија, Црна Гора и Молдавија се трите земји од Источна Европа чии индекси пораснале во 2021 година од „Хибриден“, во „Демократија со недостатоци“ (Flawed democracies), што е само една категорија зад земјите со „Полна демократија“ во која предничат скандинавските држави.

Овие вести се насловени како „Некои добри вести од источна Европа“, со оглед на тоа што беше еден од регионите со најлошите резултати за време на постоењето на Индексот за демократија.

Слични содржини