Пред да ја напушти Борусија Дортмунд и да го смени клубот, Ерлинг Халанд ќе ги смени спонзорите и ќе стане заштитно лице на „Адидас“, пишува „Марка“ и додава дека тоа го доближува норвешкиот напаѓач до Реал Мадрид, кој игра во спортската опрема на германскиот бренд. Во сето тоа помага и Зинедин Зидан.
„Марка“ се повикува на „Билд“ и пишува дека во понеделникот се одржал состанок на кој меѓу другите биле Халанд, неговиот татко и други луѓе од доверба, претставници на „Адидас“ и Зидан, едно од лицата на популарниот спортски бренд. Целта на средбата беше да се убеди Халанд да потпише и оваа важна улога ја имал прославениот поранешен играч и тренер на Реал.
„Доколку се потпише договор со играчот на Дортмунд, кој го бараат и други спортски брендови, можното доаѓање во Реал би можело да биде полесно“, вели „Марка“, додавајќи: „Бизарно е што Зидан индиректно го приближува Халанд до „Сантијаго Бернабеу“, а сите показатели говорат дека тој следната сезона ќе го води ПСЖ, еден од главните ривали на Реал Мадрид“.