СДСМ бара оставки од Мицкоски, Милошоски, Јанушев и сите обвинети од ВМРО-ДПМНЕ

од Vladimir Zorba
240 прегледи

„Признавањето вина на поранешните високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, за случајот „Титаник“ е потврда за сите изборни измами, притисоци врз граѓаните, уцени и страв кој го сееше режимот“, соопшти Костадин Ацевски, член на Извршен одбор на СДСМ.

„Ова јавно признание на луѓе од врхушката на ВМРО-ДПМНЕ значи само едно – ВМРО-ДПМНЕ со години ја газеле волјата на граѓаните а сите изборни циклуси во нивна организација биле нелегитимни.

Се потврди дека се она што го говоревме, за личните карти во Центар со граѓани од Пустец, за злоупотреби на избирачкиот список, за секоја друга форма на изборно насилство – било точно“, вели тој.

Слични содржини