Трајковски: Ефективноста на вакцините против смртен исход сé уште е прилично висока

од Vladimir Zorba
503 прегледи

Ефективноста на вакцините против смртен исход сé уште е прилично висока, неделава околу 87% и не покажува знаци на влошување. Морталитетите кај вакцинираните и невакцинираните (постари од 60 години) изминатата недела изнесуваа 3,4 наспроти 26 починати на 100.000 лица дневно, пишува на својот Фејсбук профил проф. Дејан Трајковски.

Благодарение на вакцините, вели тој се спасени околу 5.700 животи, но можеа да бидат спасени уште други 2.100 од починатите, дури и со ефективноста на две дози од постоечките вакцини. Со три дози веројатно и малку повеќе, но засега немаме доволно податоци за поточна пресметка.

Заклучуваме дека најголемиот проблем не е малиот број трети (бустер) дози, туку малиот број втори дози од вакцините, истакнува Трајковски.

Слични содржини