Македонските дипломати ќе останат во Киев, нивните семејства се враќаат во Скопје

од Nikola Popovski
227 прегледи

Околу сто македонски државјани има во Украина во моментов, а Министерството за надворешни работи има неколку планови за различни активности и за различни сценарија кои би можело да се одвиваат во наредниот период во таа земја. Во Украина има и околу 30 набљудувачи од Северна Македонија во рамки на Специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ.

Има четири категории наши државјани во Украина – во првата категорија се амбасадорот и уште еден дипломат во нашата амбасада во Киев и нивните семејства. Бидејќи тие се суштествен персонал за нашата Амбасада и засега нема одлука таа да се затвори, рече министерот за надворешни работи, Бујар Османи, дипломатите ќе останат во Украина додека не биде донесена поинаква одлука, но одлучено е нивните семејства да се вратат во Скопје на почетокот од нареднава седмица.

МНР е во договор со Бугарија и доколку се појави потреба за повлекување на двајцата дипломати, има целосно утврден аранжман како тоа ќе се организира.

-Набљудувачката мисија на ОБСЕ е важна за следење на настаните во Украина и затоа засега се уште немаме одлука да ги повелечеме нашите набљудувачи, но сме во блиска координација со другите земји учеснички, со Секретаријатот на ОБСЕ во Виена и ќе одлучиме кога ќе процениме. Засега само САД имаат одлука да ги повчлечат своите набљудувачи во рамки на оваа мисија на ОБСЕ, но не и други земји, рече шефот на дипломатијата.

Во третата категорија се околу 40 државјани кои од различни причини се наоѓаат во Украина и 30-ина членови на нивните семејства, со тоа што членовите на семејствата повеќето се украински државјани.

-До сите наши државјани важи апелот: да ја искористат можноста за комерцијални летови за да ја напуштат Украина и да се вратат во Северна Македонија, потенцираа од МНР.

Слични содржини