Шаќири: Треба да најдеме решение со СОНК за повисока плата на наставниците

од Nikola Popovski
260 прегледи

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири најави дека е потребно што поскоро да најдат решение со СОНК за покачувањето на платата на образовниот кадар.

-Отворен сме за разговор со СОНК. Оваа недела пак ќе имаме состанок на кој ќе присуствуваат и од Министерството за финансии. Се разгледуваат сите можности. Законот за наставниците е во собраниска процедура. Во најбрзо време ќе дадеме одговор. Од најавите за штрајк никој нема придобивки. Инсистираме во директна комуникација да не дојде до тоа. Треба да најдеме договор за повисока плата, рече Шаќири во изјава за медиумите.

Слични содржини