Краделе од прилепскиот „Комуналец“, полицијата ги приведе

од Nikola Popovski
329 прегледи

На 13.02.2022 околу 16.00 часот на ул.„Трајко Николовски“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Е.А.(39) и Е.Р.(35) од Прилеп. Тие се сомничат дека претходно, во кругот на терминалот на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ на ул.„Трајко Николовски“ во Прилеп, одзеле неколку предмети.

Двајцата биле приведени во полициска станица, а предметите биле пронајдени и вратени на правното лице.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена сооодветна пријава.