Единството и застапувањето на нашата држава се прави во законодавниот дом, а не со еднострани декларации, рече премиерот Димитар Ковачевски како одговор на новинарско прашање како го коментира повикот на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски за национално обединување, кога се во прашање интересите на државата.
Според него, ВМРО-ДПМНЕ креира само хистерија во врска со дијалогот и процесот што се води со Бугарија.
-Вчерашната изјава сметам дека не е воопшто искрена бидејќи ВМРО-ДПМНЕ единствено што прави е креирање хистерија во однос на разговорите со Република Бугарија. ВМРО-ДПМНЕ го прави токму спротивното, не го задржува достоинството на граѓаните, изјави Ковачевски.
За тоа кога ќе се сретне со Мицкоски, како што најави при преземањето на премиерската функција, Ковачевски вели дека таа средба ќе се случи и јавноста ќе биде навремено информирана.