Работиме на нова методологија за одржлив раст на пензиите и пакет финансиска поддршка за пензионерите, којашто ќе ја определиме врз основа на анализи и која ќе им биде дадена за полесно справување со енергетската и економската криза, пишува на својот Фејсбук профил премиерот Димитар Ковачевски.
-Пензионерите се оние кои заслужуваат, после толку години изминат труд и даден огромен придонес за нашата држава, да имаат достоинствен пензионерски денови, пишува Ковачевски.