Во интервју за британски Би-Би-Си, Србинот Новак Ѓоковиќ откри дека никој не може да го натера да се вакцинира и дека е подготвен да жртвува трофеи, доколку вакцината е услов за учество на турнири.
Амол Рајан, новинарот кој го направи овој ексклузивен разговор со Ѓоковиќ, остана шокиран по децидниот одговор на Новак на крајно незгодно прашање.
„Дали сте подготвени да се откажете од можноста да станете најдобриот тенисер кој некогаш зел рекет, статистички? Затоа што имате толку силни чувства за тоа?“, праша Рајан, на што Новак одговара „Да“.
„Ако тоа значи дека ќе го пропуштите Ролан Гарос, Вимблдон… Дали е тоа цената што сте спремни да ја платите?“, дополнува новинарот, на што Србинот вели: „Да, јас сум подготвен да ја платам таа цена“.
Рајан потоа со шок на лицето прашува „Зошто Новак, зошто?!“
@amolrajan : Ultimately, are you prepared to forego the chance to be the greatest player that ever picked up a racquet, statistically, because you feel so strongly about this jab?’#Djokovic : Yes.@amolrajan : Why, Novak, Why ?😂
📽️: @BBCNews pic.twitter.com/xn4s377Wr0
— Kartheek (@karth__k) February 15, 2022