Градоначалникот на општина Валандово и потпретседател на СДСМ, Перо Костадинов го праша неговиот соговорник градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски кои се тие 33 градинки кои ги направиле неговите колеги од ВМРО-ДПМНЕ за овие 100 дена.
-Јас во моментов што имаме улици за асфалтирање во Валандово, постапката за истите беше почната 2-3 месеци пред локалните избори. Има голема процедура. За капитални проекти како градинки е потребно многу повеќе време. Сметам дека нивниот отчет за 100 дена работа е чиста помпа, му кажа Костадинов на Муцунски во гостувањето на емисијата „Топ тема“.
Костадинов смета дека ВМРО-ДПМНЕ направила голема заблуда со презентирањето на отчетот.
-Едно е комуникациска стратегија, а друго е да се искомуницира чесно. Кај мене во општината има две нови градинки и не смее така да ги генерализирате работите, рече Костадинов.