303
Досега ќе беа зголемени платите на образовниот кадар во средните и основните училишта, доколку не беше блокадата на комисијата за образование во Собранието од страна на опозицијата, вели пратеничката Санела Шкријељ во гостувањето на емисијата „24 анализа“.
Пратеничката уверува дека власта во изминатите години покажала дека се грижи за платите на наставниците.
-Се донесе предлог измени и дополнување на законот за наставници и стручни соработници, кој требаше системски да реши некои работи и да се осигура дека ќе има контиуниран раст на платите без да зависи од волјата на власта. Законот се усвои од Владата и отиде на собраниска процедура, но опозицијата не дозволи дискусија, вели Шкријељ.