„Не слушајте шарлатани, вакцинирајте се“

од Берта Китинска
259 прегледи

Епидемиолошката состојба со Ковид во земјава се подобрува, но има зголемување на бројот на новозаразени деца на школска возраст.

Претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски.потенцира дека вакцините се оние кои штитат од хоспитализација и смрт и дека тоа се најпроверливи и научни факти.

„Граѓаните да примат трета доза, зашто такви нема меѓу починатите, а хоспитализирани се многу малку. Третата доза штити најмногу од хоспитализација и смрт. Гледаме деновиве шарлатански, нестручни дебати, но ова се податоците кои се проверливи и најсилни – вакцинацијата со трета доза е најдобра заштита“,
потенцира претседателот на Комисијата.

Тој потенцира дека ова е силна препорака до сите граѓани, особено помладите, додека кај повозрасните, оние над 70 години, одѕивот е добар.

Тој претходно на прес-конференцијата истакна дека епидемиолошката состојба во земјава е подобрена, но сè уште не може да се каже и дека е добра. Посочи дека е зголемен бројот на нови случаи меѓу децата од шест до 14 години.

Досега во земјата се направени вкупно 1.852.018 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 288.750, бројот на оздравени пациенти е 269.862, на починати е 8.793, а бројот на активни случаи изнесува 10.095.

Слични содржини