Рангник: Повторно бевме како Џекил и Хајд

од Vladimir Zorba
358 прегледи

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник беше задоволен од победата над Брајтон од 2:0, со која тимот излезе од мини-кризата во која се најде и се врати на победите.

Сепак, тренерот не беше среќен што на уште еден меч неговите избраници се претставија поинаку во двете полувремиња во стилот на „Џекил и Хајд“.

„Бевме како господин Хајд во првото полувреме и д-р Џекил во второто. За разлика од претходните натпревари, овојпат работите се свртеа и запишавме победа. Најважно е што ги однесовме трите бода против екипа која е во добра форма. Моравме да ризикуваме повеќе во вториот дел и се исплатеше. Моравме да поведеме со 3:0, 4:0 до 75. минута, но повторно ни недостигаше прецизност пред голот“, изјави Рангник.

Германецот го сподели своето мислење за настапот на Кристијано Роналдо, кој стави крај на неговата голгетерска суша, како и голманот Давид де Хеа, кој повторно се истакна со неколку одлични интервенции.

„Беше важно не само што Кристијано постигна гол, туку и што го направи тоа со таков неверојатен гол. Голот беше важен за тимот, но уште поважно, тоа беше неговиот најсилен натпревар откако сум во клубот. Де Хеа направи неверојатна работа по ударот на Модер. Тој често правеше слични одбрани на последните 10-12 натпревари, така што мислам дека го имаме најдобриот голман во светот“, заврши Германецот.

Слични содржини