Приведен дилер во Битола, пронајдени амфетамин и марихуана

од Берта Китинска
300 прегледи

На 15.02.2022, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија за дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола го лишиле од слобода Д.Р.(42) од Битола. При преглед во возило „ауди“, кое го управувал Д.Р., бил пронајден и одземен амфетамин. При претрес во неговиот дом, извршен врз основа на судска наредба, биле пронајдени и одземени амфетамин и марихуана.

Лицето е приведено во полициска станица, за случајот бил известен Јавен обвинител, а по негово целосно документирање против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Слични содржини