Мбапе на перфектен шпански: Овој натпревар нема да влијае на мојата иднина

од Vladimir Zorba
315 прегледи

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе беше дециден дека синоќешната победа над Реал Мадрид со 1-0 не ги променила неговите планови за неговата иднина.

Како што е познато, членот на француската репрезентација е силно поврзуван со трансфер на „Сантијаго Бернабеу“.

По овој успех Мбапе беше запрашан дали предметниот натпревар ќе влијае на неговата иднина.

„Не, не, не, не. Знам дека играм во еден од најдобрите тимови во светот. Како што реков претходно, ќе дадам 100% во текот на целата сезона, а потоа ќе видиме што ќе се случи. Дали ја донесов мојата одлука? Не, не сум. Немав дополнителна мотивација за овој натпревар. Секогаш сум подготвен да играм и да му помогнам на мојот тим. Сигурно по овој натпревар луѓето ќе зборуваат за мене. Сепак, јас сум фокусиран. Среќен сум што сум играч на ПСЖ и ќе дадам 100% од себе за клубот и за нашиот пласман напред“, изјави тој за Movistar + на совршен шпански, што ги импресионираше медиумите во пиринејската земја.

Слични содржини