Ковачевски: Сум бил работник, сум работел во фабрика знам колку е значајно во недела да се биде со семејството

од Берта Китинска
276 прегледи

Јас сум на страната на работниците, секој работник има право во недела да биде заедно со своето семејство и да одвои време за себе, кажа денеска премиерот Димитар Ковачевски во врска со „недела неработен ден“.

Тој вели дека законот за недела неработен ден е донесено низ дијалог на стопанските комори и доколку се утврди понатаму дека се потребно некои измени тогаш низ дијалог ќе се пронајде решение.

-Јас сум работел и во фабрика, сум бил и работник, сум бил и менаџер, сум бил и сопственик и знам колку е значајно за работниците да бидат заедно со своите семејства. Ќе можат подобро да ги воспитуваат децата и да им се посветат барем еден цел ден во неделата, одговори Ковачевски.