Ковачевски: Со зголемена минимална плата и со повисоки пензии го унапредуваме животниот стандард

од Берта Китинска
226 прегледи

Со зголемена минимална плата и со повисоки пензии го унапредуваме животниот стандард на граѓаните, вели премиерот Димитар Ковачевски.

-Задоволен сум што од март годинава, нашите сограѓани ќе земаат минимална плата од 18.000 денари, двојно поголема од онаа во 2014, вклучувајќи ги и дел од вработените од компанијата „Текспорт“, која ја посетив денеска.Направивме методологија со која минималната плата континуирано ќе расте и очекуваме да ја надмине и сегашната договорена сума.Во процес е и изработка на методологија за одржлив раст на пензиите, но и пакет финансиска поддршка за нив, вели премиерот.