Опаѓа бројот на новозаразени, оздравеле 2322 пациенти

од Nikola Popovski
175 прегледи

Во последните 24 часа од 3.702 тестови, регистрирани се 1.091 нов случај на КОВИД-19, информира Министерството за здравство, што во споредба со вчерашниот ден е намалување во бројот на новозаразени.

Билансот по градови изнесува: Скопје – 586, Битола – 58, Куманово – 52, Тетово – 44, Кавадарци и Велес – по 39, Прилеп и Струмица – по 29, Кичево – 23, Штип и Неготино – по 22, Гостивар и Охрид – по 20, Кочани – 16, Гевгелија и Ресен – по 13, Струга – 11, Свети Николе – 9, Дебар – 8, Радовиш, Крива Паланка , Берово и Пехчево – по 5, Богданци – 4, Демир Хисар и Демир Капија – по 3, Делчево, Валандово и Македонски Брод – по 2, Виница и Кратово – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (1.091), регистрирани се 156 реинфекции.

Регистрирани сe 2.322 оздравени пациенти од: Скопје – 1.356, Битола – 113, Охрид – 104, Прилеп – 95, Кавадарци – 90, Тетово – 87, Гостивар – 53,  Куманово – 46, Кичево – 41, Велес – 39, Струмица – 33, Гевгелија – 30, Неготино – 29, Штип – 28, Струга – 23, Свети Николе и Делчево – по 19, Радовиш – 17, Берово – 14, Виница – 13, Ресен – 10, Крива Паланка и Валандово – по 9, Богданци и Македонски Брод – по 7, Крушево – 6, Кочани – 5, Дебар, Пробиштип и Македонска Каменица – по 4, Дојран – 3, Демир Хисар и Демир Капија – по  2, Пехчево – 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.855.720 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 289.797, бројот на оздравени пациенти е 272.184, на починати е 8.829, а бројот на активни случаи изнесува 8.784.

Слични содржини