Владата на Република Северна Македонија на денешната 15-та седница го прифати предлогот на Комисијата за именување и донесе одлука Марјан Забрчанец, да го именува за Национален координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи.
Останатите точки кои беа предвидени за оваа седница, заради дополнителни усогласувања, се одложени за една од наредните седници на Владата.
Забрчанец претходно беше национален координатор за стратегиски комуникации во Владата.