343
Сега пред да дојдам во емисијата слушнав за ова. Моето мислење е дека треба да се залагаме за професионалност во сите сфери на живеење и области. Се работи за ингеренции на МНР и министерот Османи, вели членот на ИО на СДСМ, Андреј Петров одговарајќи на прашањето како ја коментира одлуката тв-презентерката Бесмира Ејупи да биде иден македонски генерален конзул во Њујорк.
Според него, логично е тоа што го соопшти претседателот Пендаровски дека генерален конзул не е во ранг на амбасадор и дека тој нема ингеренции околу тоа.
-Треба да се води сметка за компетентноста на кандидатите. Личноста што се споменува не ја познавам, додава Петров во емисијата „Само вистина“.